На 31.10.2025 во 00:05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на автобуска постојка во охридското село Велгошти, едно лице физички нападнало 28-годишно лице од истото село, информираат од СВР Охрид.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат.

На 30.10.2025 во 16:10 часот, на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици,  управувано од 58-годишно лице и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 72-годипно лице, двајцата од с.Требеништа.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишна жена која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишна жена сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа. Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека 58-годишно лице било под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта, велат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.10.2025 во 10 часот во ОВР Струга е пријавено дека во основно училиште во Струга, двајца ученици го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз нивни соученик.

Полициски службеници, заедно со претставници од школото и од Центарот за социјални работи Струга, работаат на расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок.

На 30.10.2025 во 23 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, албански државјанин со остар предмет нападнал 44-годишно лице, исто така. албански државјанин.

ОВР Струга работи на расветлување на настанот по што, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews