Во угостителски објект на улица „Кленоец“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир

На 20.07.2021 година во 20.30 часот, во угостителски објект на улицата „Кленоец“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Љ.С.(46) врз В.Д..(63), вработен во објектот, двајцата од Охрид. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски

Во угостителски објект на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид 45 годишно лице со иницијали Р.Б физички со стаклен предмет го нападнал К.С (36) од Охрид. Настанот се случил на 13-ти месецов. Против Р.Б е поднесена кривична пријава.

Во денешниот билтен од МВР стои дека вчера околу 19 часот на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, од слобода бил лишен  полициски службеници од Слобода бил лишен  Н.С.(47) од Охрид кој агресивно се однесувал во ЈП „Билјанини извори“

Тој, го наруши јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработени во Јавното претпријатие „Билјанини извори“ и со кршење на наплатната куќарка и инвентарот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски

Вчера биле приведени и  О.Д.(20) од Охрид и А.И.(32) од Скопје. При  контрола извршена околу 18 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид,  О.Д. исфрлил најлонска кеса со опојна дрога марихуана. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.