На 24 февруари во 09 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 44 годишен охриѓанец кој, претходно на улицата „Партизанска“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.

При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид поднесе и кривична пријава против  лице од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

При контрола извршена на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Хундаи“ со охридски регистарски ознаки што го управувал пријавениот и притоа, констатирале дека тој, врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган во согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, додава Димоски.

OhridNews