Вчера во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавен ред и мир со физички напад извршен на 18.07.2021 година во 20.30 часот од А.А. врз неговата сопруга, двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, – информираат од СВР Охрид.
Нарушување на јавниот ред и мир било регистрирано и на улица „Стив Наумов“
На 19.07.2021 година во 16.30 часот на улицата „Стив Наумов“ во Охрид, Р.К.(46) го нарушил јавниот ред и мир и физички ја нападнал Д.П.(75), двајцата од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 19.07.2021 година во СВР Охрид, бил пријавен помор на риби од рибник, лоциран кај месноста „Речица“ на пат кон охридското село Куратица.
Од извршениот увид, констатирано е дека поради прекин на електрична енергија во рибникот дошло до помор на 260 парчиња риба Охридска пастрмка – соопшти Димоски
На 19.07.2021 година, исто така Ј.Д.(83) од Охрид во надлежната полициска станица било пријавено дека на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид била касната од куче скитник.
OhridNews












