СВР Охрид во полицискиот билтен секојдневно бележи насилство низ улиците на градот.

На 20.06.2025 во 18.20 часот во СВР Охрид, 77-годишна жителка на Охрид пријавила дека околу 17.00 часот пред нејзиниот двор, соседот со тврд предмет упатувал закани на неа и на нејзината ќерка

Се работи на расчистување на случајот.

На 20.06.2025 во 22.00 часот СВР Охрид, 40-годоќишен  жител на Охрид пријавил дека околу 20.30 часот во неговиот авто-сервис на ул.„Бистрица“ бил физички нападнат од 45-годишен државјанин на Турција, со живеалиште во Охрид, на што тој возвратил.

Се работи на расчистување на случајот.

На 20.06.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 17.00 часот на крстосницата од ул.„15 Корпус“ со ул.„Александар Турунџев“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица од Охрид на возраст од .30 и 37 години, од една страна и 48-годишен охриѓанец од друга страна.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Охрид..

OhridNews