Ноќеска во 02,20 часот во СВР Охрид од страна на 39 годишна охриѓанка e пријавено дека истиот ден во 01,00 часот пред угостителски објект во ТЦ „Амам“ таа била физички нападната од маж со кого претходно била во вонбрачна врска, информира СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Вчера, пак, во 16,35 часот во СВР Охрид 48-годишен охриѓанец пријавил дека претходниот ден околу 07,00 часот по куса вербална расправа физички бил нападнат од 48-годишен сиграѓанин при што му била нанесена тешка телесна повреда.

Од страна на полициски службеници осомничениот  повикан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.