На 16.10.2025, при претрес во домот на 32-годишно лице од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 66-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис, информира Димоски.
На 16.10.2025 во 04:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ настанал пожар на неколку гуми од работни машини . Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Охрид.
OhridNews