На 01.05.2025 година во 16.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на стаклени предмети.
Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 01.05.2025 година од 16 до 22 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници контролираа 280 возачи на моторни возила (Охрид-85, Струга-77, Кичево-65, Дебар-53). Притоа, утврдено е дека 19 возачи управувале возило под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-07, Кичево- 03, Дебар-05) по што, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и издадени им се прекршочни платни налози, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews