На 05.05.2025 во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека охриѓанец физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 05.05.2025 во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од Охрид.

Тој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет нападнал 45 годишно лице од Скопје. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews