На 18.05.2025 во 00.50 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 33 годишно лице од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член 141 од Кривичниот законик.
Имено, тој претходно е пријавен во СВР Охрид дека при телефонска комуникација со 36 годишно лице од Охрид побарал и примил пари за да ги ослободи сопругата, малолетната ќерка и баба. СВР Охрид, по насоки на јавен обвинител, презема мерки за целосно расчистување на настанот, по што против 33 годишното лице ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.
На 18.05.2025 во 07.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Прилеп на пешачката патека кај каналот Студенчишта во Охрид и во станот во Охрид во кој привремено престојувале, физички и со стаклен предмет ја нападнал неговата 32 – годишна партнерка од Скопје.
По документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2025 во 17.50 часот, во угостителски објект на улица „Наум Охридски“ во Охрид, 35 годишно лице физички нападнал 28 годишно лице, вработено во објектот, двајцата од Охрид.
По документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews