На 01.09.2023 во 12.00 часот во СВР Охрид, 23 – годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од лице од Струга.

Според пријавеното, на 11.07.2023 во Охрид тие имале сообраќајна незгода, при што стружанецот ветил дека ќе му ја надомести штетата на возилото, но до пријавувањето не го сторил тоа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Во билтенот на МВР денес и пријава од страна на охриѓанец за физички напад.

Денеска во СВР Охрид, 71-годишен жител на охридско село пријавил дека физички бил нападнат од неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

OhridNews