На булеварот .,,Македонски Просветители“ во Охрид, вчера, во 19.10 часот, бил нарушен јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на 49-годишен охриѓанец, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Лицето по инцидентот било пренесено во охридската Општа болница.

Инаку според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментно во изолација се 119 лица (Охрид-47, Струга-48, Кичево-24). Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 90 контроли. Во самоизолација, моментно се регистрирани вкупно 22 лица (Охрид-16, Струга-3, Дебар-3). Врз овие лица, извршени се 15 контроли. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 53 контроли врз угостителски и други објекти.