33-годишна охриѓанка, вчера, пријавила дека пред угостителски објект во Охрид, била физички нападната од страна на 45-годишно лице од струшкото село Велешта. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за уште еден случај во кој поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од Охрид, кај кое при преглед извршен за време на одржување на музички настан во Охрид, кај него била пронајдена и одземена опојна дрога кокаин.
OhridNews












