На 25.07.2025 во 21.55 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Коњско, лишија од слобода 43 годишно лице од истото село.
Тој претходно, во хотелски комплекс лоциран на охридското крајбрежје, со нож нападнал две лица вработени во хотелот, а потоа оштетил и дел од хотелскиот инвентар. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.07.2025 во 02.44 часот, на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, приведена е 25-годишна девојка од Скопје.
Полициските службеници кај неа при извршен преглед пронајдоа и одзедоа марихуана. Против неа, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2025 во 22.50 часот, на паркинг простор во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 34-годишно лице од Охрид.
При извршен преглед, кај него пронајдена е паковка со бела грутчеста материја, која е одземена и по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 26.07.2025 во 04.10 часот во ОВР Струга приведено е 19-годишно лице од Струга.
При преземени сообраќајни контроли, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв“ со швајцарски национални ознаки и при преглед, пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 25.07.2025 во 12.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, приведоа албанските државјани, 35 и 22-годишни.
При преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, 35-годишното лице во своите сообраќајни документи ставило пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews