На 09.11.2025 во 15:30 часот во ОВР Струга, 40-годишно лице од Охрид пријавило дека во село Мислешево, струшко, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од лице од с.Мислешево.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 09.11.2025 во СВР Охрид е извршен службен разговор со 40-годишно лице од Гевгелија, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 47-годишна партнерка дека агресивно се однесувал кон неа и ѝ упатувал закани.
Исто така, според пријавеното, тој ја измамил поранешната партнерка на тој начин што ја убедил да земе крeдити за него, по што одбивал да ги плаќа ратите. По целосно документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












