Физички напад во семеен дом и опожарено возило на магистралниот пат Охрид-Ресен биле пријавени во СВР Охрид во текот на вчершаниот ден.
На 16.02.2023 во 16.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека 27 годишен охриѓанец во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка, информираат од СВР Охрид.
Додаваат дека по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.02.2023 во 18.40 часот во СВР Охрид, 55 годишен охриѓанец пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „пежо“ со охрисдски регистарски ознаки, кое го управувал на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на планинскиот превој „Буково“.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












