На 08.10.2025 во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 40 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет го нападнал 42 годишно лице од Охрид.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31 годишно лице од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода, додаваат од СВР Охрид.