Во СВР Охрид, вчера, околу 3 часот, пријавен бил пожар во лимена гаража лоцирана на булеварот „Туристичка“, сопственост на 59-годишен охриѓанец, кој набрзо се проширил и на соседните гаражи. Притоа, изгорела оставена покуќнина и други предмети. Пожарот е изгаснат од Територијалната против пожарна единица Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Вчера во 19,45 часот, во струшкото село Радолишта, нарушен бил и јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 32-годишно лице од селото врз сожител. Оделението за внатрешни работи Струга, против напаѓачот ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews