Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на казненото дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од струшкото село Франгово, 24-годишно лице од Струга како и против  две лица од Охрид. Во текот на август 2019 година, еден од пријавените набавил поголема количина марихуана и заедно со второпријавениот  ја сокриле во неговата  викендица во селото Горна Белица. Потоа  ја препакувале за натамошна препродажба која третопријавениот ја вршел на четвртопријавениот од Охрид и  на други наркозависници.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира и дека денес, околу 01,00 часот на улицата “Иса Пелар“ во Струга настанал пожар на патнички автомобил марка “Цитроен Ц-3“ со струшки регистарски ознаки. Целосно изгорел предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

OhridNews