Во текот на изминатата ноќ, во времето од 23:до 05 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале 13 возачи кои, управувале патнички моторни возила под дејство на алкохо: Охрид-05, Кичево-07, Дебар-01.

Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. – информира СВР Охрид.

Ниту овој викенд во Охрид не минува мирно. Според евиденцијата на СВР Охрид, изминатото деноноќие регистрирани се неколку посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Рано утрово во 03:10 часот, во казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од 30-годишен охриѓанец врз 41-годишен работник на обезбедување во објектот.

Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.

Исто така ноќеска,  во 01:30 часот, во авто кампот „Градиште“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу двајца браќа од Битола на возраст од 20 и 26 години. Против двајцата, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews