На 18.09.2025 околу 10:30 во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Радојца Новичиќ“ во Охрид, 58-годишно лице од Охрид се здобило со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи за приватна фирма од Охрид.

Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани повредите и му е укажана помош. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

На 18.09.2025 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом пронајдено е починато 66-годишно лице од Охрид.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews