На 23.07.2025 во 01:55 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 41 годишно лице од Охрид кој беше затекнат при вршење кражба од угостителски објект на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид.
Одземените предмети се вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 22.07.2025 година во 15:10 часот, на плажа на охридското крајбрежје, приведено е 46 годишно лице кој претходно е затекнат при користење опојна дрога марихуана.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.07.2025 во 12.40 часот, на крстосница од ул.„Галичица“ со ул.„8 Септември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки управувано од 21-годишната девојка од Охрид и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 50 годишна жена од Охрид.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната жена, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По наредба на Јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На 19.06.2025 полициските службеници констатирале дека тој на пешачка зона на кеј „Македонија“ неовластено управува импровизирано возило „воз“ со четири вагони во кои се превезувале повеќе малолетни лица, односно не поседувал извод од лиценца за конкретното импровизирано возило „воз“, согласно Законот за превоз во патниот сообраќај.
На 22.07.205 во 02.57 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар во возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од Вевчани, паркирано пред неговиот дом.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 20.04.2025 во негова нива на регионалниот пат Струга-Калишта го запалил отпадот, од кој настанал пожар кој се проширил на дрвена барака и на нискостеблеста вегетација. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Струга.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
На 08.07.2025, обработувајќи нива во атарот на истото село, тој предизвикал пожар кој брзо се проширил на соседните ниви засадени со житни култури, како и на блиската депонија, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews