На 21.09.2025 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 69-годишно лице од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 18-годишно лице од охридското село Лескоец.

Возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, информираат од МВР.

На 22.09.2025 во 01:00 часот, на улицата „Даме Груев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 18-годишно лице од Охрид.

Тој бил затекнат при обид за одземање на патничко моторно возило „рено клио“ со охридски регистарски ознаки, кое било оставено незаклучено на паркинг на истата улица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

OhridNews