На 24.04.2023 во СВР Охрид било пријавено дека во кругот на ЈЗУ – Општа болница Охрид, 25 годишно лице од Охрид било физички нападнато од едно лице, кое му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 23.04.2023 во СВР Охрид, од специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ш.Ч.(40) од Кина, велат од СВР Охрид.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 10.00 часот при извршување работни задачи на автопатот во изградба Охрид-Кичево, кај с.Оровник. Увид извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор, информираат од СВР Охрид.

Во Билтенот регистрирано и агресивно однесување во семјетниот дом кое во полициска станица го пријавил 50-годишен охриѓанец, татко на лицето.

Пријавил дека неговиот син се однесувал агресивно во домот и му се заканувал нему, на неговиот друг син и на неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews