На 04.08.2022 во 11.45 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на булеварот „Јане Сандански“ во Охрид, 59 годишно лице од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

На 04.08.2022 година околу 05 часот, кај месноста „Бел мост“, атар на селото Волино, Општина Дебрца, 21 годишно лице од Кичево, управувајќи патничко возило „хонда акорд“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот 24 годишно лице со привремен престој во Швајцарија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршиле полициски екипи, вели Димоски.

На 05.08.2022 година во 02.10 часот во близина на угостителски објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од три лица сите од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews