На 10.06.2025 во 22.15 часот во СВР Охрид, 57 годишна жена од с.Долно Коњско, охридско, пријавила дека во селото настанал пожар на нискостеблеста шума.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен, информираат од СВР Охрид.
На 11.06.2025 во 21.45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.00 часот во семејниот дом агресивно се поднесувал кон неговиот 26-годишен брат, оштетил дел од покуќнината и без дозвола го зел возилото на брат му.
Тој бил пренесен во здравствена установа и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews