На 01.02.2023 во 02.15 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во куќа сопственост на 67 годишно лице од охридското село Лескоец.
Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала територијалната противпожарна единица Охрид, информира портпаролот на СВВ Охрид Стефан Димоски.
На 30.01.2023 година, во СВР Охрид, приведени се три лица на возраст од 43, 36 и 40 години, сите од Охрид.
Тие, претходно околу 22.30 часот на улицата „15 Корпус“, физички нападнале 48 годишно лице од Охрид. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветен поднесок, вели Димоски.
OhridNews












