На 10.11.2022 во 09.55 часот во СВР Охрид пријавено е дека во патничко возило „застава скала“ со охридски регистарски ознаки, додека се движело на булеварот „Туристичка“, управувано од 73 годишно лице од охридското село Долно Коњско, настанал пожар, информираат од СВР Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Охрид. Извршен е увид од екипа на СВР Охрид, вели портпаролот Стефан Димоски.
На 10.11.2022 во 13.15 часот, 37 годишна охриѓанка пријавила во полициска станица дека нејзиниот малолетен син на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, бил каснат од куче скитник, додава Димоски.
OhridNews












