На 11.05.2025 во 15.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во стан на улица „Гоце Делчев“ во Охрид, сопственост на 71 годишно лице од Охрид.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 11.05.2025 од 14 до 20 часот, при спроведени контроли во патниот сообраќај во Охрид и Дебар, полициските службеници евидентирале 17 возачи кои управувале патнички моторни возила со брзина поголема од дозволената.
Од нив во Охрид осум од кои, тројца во населено место и пет надвор од населено место, додека во Дебар девет, сите надвор од населено место. Кон овие возачи, поднесени се соодветни прекршочни платни налози, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews