На 16.11.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид настанал пожар во угостителски објект.

Од Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

На 16.11.2026 во 16:50 часот во месноста „Копрница“, атар на селото Мешеишта, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице и едно 16 годишно момче, двајцата од селото Мешеишта.

При извршени контроли, полициските службеници ги затекнаа двете лица како со моторна пила вршат бесправна сеча на дрва и ги товарат во патнички возила ,,опел фронтера“ и „сангјонг“, двете без регистарски таблички. Бесправно исеченото огревно дрво и двете возила се одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.11.2026 во 21:47 часот на пресекот на бул.„Туристичка“ со улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 41-годишно лице од Охрид. претходно, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и со четирициклот излетал од коловозот.

При извршен увид и извршено алкотестирање, било констатирано дека го управува четирициклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта. Возилото е одземено , а по документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews