На 11.04.2023 во 16.50 часот во СВР Охрид, пријавено e дека во охридското село Шипокно, настанал пожар во викенд куќа сопственост на 82 годишно лице од Охрид.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид извршија полициски екипи, велат од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

При претрес во неговото патничко возило „ауди“ на улицата „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана и кокаин.

На 11.04.2023 во периодот од 09 до 14 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 43 пешаци кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминување надвор од обележан пешачки премин или минувалиште. Од нив во Охрид 9, Струга-22, Кичево-10, Дебар-02, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews