СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46 годишно лице од Охрид и против правен субјект – угостителски објект со седиште во Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохол на малолетници“.
При контрола во угостителскиот објект, полициските службеници констатирале дека пријавениот, како одговорно лице, овозможил точење алкохол на малолетник од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
На 24.01.2023 година, во СВР Охрид приведено е 43 годишно лице од Охрид.
При контрола извршена на улицата „Караорман“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.
OhridNews












