На 30.07.2025 во угостителски објект лоциран на плоштадот „Св.Климент Охридски“ во Охрид, приведени се 25-годишно лице од Република Србија и 49-годишно од Охрид.

Во меѓусебна физичка пресметка 25 годишното лице со нож го нападнала 49-годишниот охриѓанец. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.07.2025 во 21:25 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, приведено е 21-годишно лице од Прилеп.

Во неговото возило „ауди“, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опаковка со марихуана. На службен разговор во СВР Охрид, повикани се и сопатниците во возилото 21-годишни, двајцата од Прилеп. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 30.07.2025 во 00:45 часот, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, лишено од слобода е 30-годишно лице од тетовското село Брвеница.

При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа паковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

На 30.07.2025 во 17 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 27 јули охриѓанец физички ја нападнал неговата поранешна партнерка во нејзиниот дом.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.07.2025 во 05:15 часот пред казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Единицата за брзо распоредување приведоа 20-годишно лице од Охрид поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка со две малолетни лица од Скопје.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 30.07.2025 во 03:50 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале неколку лица, а со повреди се здобило 21-годишно лице од Скопје.

По преземени мерки во врска со настанот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 20 и 19-годишни лица, двајцата од Скопје, а се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 30.07.2025 во 09:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле“-Охрид, на излез од државата, полициски службеници лишиле од слобода 40-годишно лице од Велика Британија затоа што при гранични проверки, во неговата чанта биле пронајдени и одземени три куршуми и четири чаури.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар Запад за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.07.2025 во 22:10 часот, на локален пат во струшкото село Радолишта, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 17- годишно момче од струшкото село Франгово, излетало од патот.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а 15-годишен сопатник од селото Заграчани со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 30.07.2025 во 20:45 часот, пред казино во струшкото село Велешта, лишенo од слобода е 44-годишно лице од струшкото село Октиси.

При извршен преглед, во неговиот автомобил „фолксваген поло“, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews