На 07.04.2023 година во 15.30 часот, во СВР Охрид приведено е 62 годишно лице од Охрид информираат од СВР Охрид.

Тој претходно на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид го нарушил јавниот ред и мир, а потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 06.04.2023 година во 20, во СВР Охрид пријавено е дека во куќа лоцирана на улицата „Петар Поп Арсов“ во Охрид, сопственост на 70 годишно лице од Охрид, настанал пожар.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews