На 29.07.2025 во 15.30 часот на улица „Димче Маленко“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 57-годишно лице од Охрид.
Кај него била пронајдена и одземена една пушка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 30.07.2025 во 00.15 часот, во продажен објект на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лице од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон неговата поранешна сопруга.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.07.2025 во 16.45 часот, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта приведоа 56-годишно лице од селото Лабуништа, кој бил баран со наредба од Основниот суд во Струга за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Лицето било предадено во Казнено – поправната установа „Затвор Битола“ за издржување затворската казна.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41-годишно лице од струшкото село Заграчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Тој, на катастарска парцела во Струга, изградил станбен објект за кој, немал соодветна градежна документација, издадена од надлежен државен орган, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews