На 03.05.2023 околу 00.15 часот на ул.„АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 34 годишно лице од Охрид.

Тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Охрид.

На 02.05.2023 во 19.57 часот во СВР Охрид, 67 годишна охриѓанка пријавила дека околу 19.50 часот пред влезната врата од нејзиниот дом дошло едно машко лице, кое ѝ побарало пари.

Откако не му дала пари лицето ѝ упатило закани и заминало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews