На 27.10.2025 во 13:30 часот на паркинг простор на улица „Сирма Војвода” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 26-годишно лице од охридското село Коњско.
Тој се сомничи дека претходно на паркингот физички нападнал 70-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј кој со своето возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки удрил во возилото „фолксваген голф“ во сопственост на 26-годишното лице, а потоа и во друго паркирано возило „голф”. 70-годишното лице се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид,
По наредба на јавен обвинител, увид изврши екипа од СВР Охрид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 27.10.2025 во 20:10 часот во Полициската станица Струга, 19-годишно лице од с.Франгово, струшко, пријави дека околу 19:30 часот на улица „Партизански бригади“ во Струга бил физички нападнат од две лица, при што бил употребен и метален предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул. „Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот како ја носи неговата малолетна ќерка да проси, а потоа стоел настрана и ги земал парите од детето. Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријавата.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 58-годишно лице од Прилеп, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичноо дело „предизвикување општа опасност“.
На 04.10.2025 на место со див отпад во Струга, пријавениот предизвикал пожар на тој начин што запалил кабли. Тој сам го изгаснал пожарот, но бил затекнат на местото и бил лишен од слобода, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












