На 08.11.2022 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, лишија од слобода 41 годишно лице од Охрид.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и други предмети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Нарушен јавниот ред и мир во близина на Ново Село од страна на лице од Ботун.
На 08.11.2022 во 14:10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во деловен објект во близина на Ново Село, Општина Дебрца, 58 годишно лице од село Ботун го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава Димоски.
OhridNews












