Во СВР Охрид , вчера, приведено и лишено од слобода е 28-годишно лице од охридското село Лескоец. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кај него, при извршен преглед, полициски службеници пронашле и одзеле поштенска пратка со две најлонски кесички со опојна дрога хашиш. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 25-годишно лице од струшкото село Подгорци. При извршена контрола во селото, на 30.04.2020 во 22:45 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот за време на забрана за движење без дозвола од надлежен орган.
Во однос на забраната за движење, во текот на изминатото деноноќие (13/14.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, пет лица не ја почитувале забраната за движење, две од Охрид, едно од Струга и две од Кичево. Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава.
Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 3 контроли врз лица во изолација, 35 контрола врз лицата во самоизолација и 60 контроли на угостителски и други објекти.
Ohridnews












