На 14.07.2026 година во 16:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, лишени од слобода се две 22-годишни и едно 19-годишно лице од Босна и Херцеговина кои се сомничат за сторено кривично дело „кражба“.
По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 14.07.2026 година во 20:10 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во истото село бил нарушен јавен ред и мирсо физички напад.
Нападот бил извршен од едно лице врз 63-годишно лице и други членови на неговото семејство од кои, едно било малолетно лице. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.07.2026 година во 21 часот во струшката населба „Плитишта“, лишено од слобода е 42-годишно лице од Струга.
При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа седум опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews














