Денес, околу 02 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведени се двајца охриѓани кои агресивно се однесувале кон полициски службеник кој преземал службени дејства пред угостителски објект. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против двете лица ќе поднесе соодветна пријава.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира за уште два инциденти што се случиле во текот на вчерашниот ден.

Околу  10 часот, во соба од затворското одделение за малолетници при казнено поправната установа „Затвор-Охрид“, избувнал пожар кој предизвикал оштетување на дел од инвентарот. Интервенирала Територијалната против пожарна единица,  а увид извршила полицискa екипa.

Во текот на вчерашниот ден, околу 20 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен бил јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 40-годишен охриѓанец врз 58-годишно лице од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews