На 09.08.2022 година во 01,30 часот, во СВР Охрид приведено е 42 годишно лице од Охрид.

При преглед извршен на улицата „Кузман Капидан“ во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа остар предмет. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Физичка пресметка помеѓу двајца охриѓани.

На 08.08.2022 во 10,40 часот, на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со расправија и физичка пресметка помеѓу 64 и 48 годишни лица, двајцата од Охрид. Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници прнашле и одзеле опојна дрога марихуана, додава Димоски.

OhridNews