На 29.03.2023 година во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода И.С.(46) од Скопје.
За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор-Скопје“, со која се барал за доиздржување на казна затвор. Тој е спроведен во казнено-поправната установа на доиздржување на затворската казна, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 29.03.2023 година околу 12 часот, од водите на Охридското Езеро, во близина на Градското пристаниште, безбедно е извадена и подигната неексплодирана бомба М-24, која датира од Втората светска војна.
Вадењето и транспортирањето на бомбата е извршено од страна на пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, додава Димоски.
OhridNews












