На 24.10.2025 во 00:10 часот на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 17 –годишник од Република Албанија.
Претходно, тој е затекнат во влез во зграда на улицата „7 Ноември“ и по преземени мерки констатирано е дека илегално влегол во државата и сторил прекршок по член 10 од Законот за странци. Тој е задржан во полициска станица и по насоки на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 23.10.2025 во 21:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички го нападнал неговиот татко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 24.10.2025 година во 01 часот, на улица „Марксенгелсова“ во Струга, двајца малолетници од Струга биле физички нападнати од неколку лица.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 54-годишно лице од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
При контрола на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полициските службеници го затекнале пријавениот како со возило „фолксваген пасат“ врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен државен орган, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












