На 19 април во 11.45 часот во СВР Охрид, 65 годишно лице од с. Елшани, охридско, пријавил дека околу 17.00 часот во с.Елшани бил физички нападнат од лице од истото село.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Истиот ден во 12.00 часот на ул. „Дејан Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 49 годишно лице од с.Белчишта, Општина Дебрца.

Кај него и во неговото возило „алфа ромео“ била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews