Денеска во 00:15 часот, во СВР Охрид е пријавен нарушен јавен ред и мир со гласна музика од кафе бар лоциран во трговскиот центар „Амам“ во Охрид.
По преземени мерки согласно правилникот за примена на индикаторите за бучава и правилникот за локации на мерните станици и мерните места, извршено е мерење на јачина на бучава со Фонометар, при што полициските службеници констатираа гласност од 54 децибели односно надминување на дозволената гласност од 35 децибели. По целосно документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 18.07.2025 година во СВР Охрид повикано е 44 годишон лице од Охрид кого полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, го затекнале во дом на 49 годишно лице од Охрид при претрес извршен по Судска наредба.
При претресот, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана и други предмети. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година, во ОВР Струга е пријавено дека на паркинг простор на улицата „Владо Малески“ во Струга, неколку лица физички нападнале 29 годишно лице и неговата сопруга, двајцата од Струга.
По целосно расчистување на настанот, против напаѓачите, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (19.07.2025) во 00.50 часот, на улицата „Ѓуро Салај“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција од ОВР Струга, од слобода лишија 30 годишно лице од Струга.
При извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 12.20 часот, во ОВР Струга е повикано 49 годишно лице од струшкото село Радолишта кој претходно, во атарот на истото село, бил затекнат при нелегален ископ со работна машина.
По консултација со Јавен обвинител на местото е извршено фотографирање и земени се примероци од ископаниот материјал за натамошна постапка и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 17.10 часот, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, од слобода лишија 22 годишно лице од струшкото село Велешта.
При претрес во неговиот дом, извршен по Судска наредба, пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2025 година во 20.30 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, од слобода лишија 36 годишно лице од Дебар.
Тој претходно со нож и упатил закани на една жителка на Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews