На 17.03.2023 година во 18.30 часот, од полициски службеници од СВР Охрид лишен е од слобода 27 годишен охриѓанец.

Тој претходно во семејниот дом, бил агресивен кон неговата мајка, а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

На 14.03.2023 година во 08.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на брегот на Охридското Езеро, кај населбата Пештани, пронајдена е нексплодирана рачна граната од Првата светска војна.

Гранатата е безбедно подигната од претставник на Дирекција за заштита и спасување за натамошна постапка.

На 17.03.2023 година во 11.50 часот, во казино лоцирано на булевар „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, извршено од 44 годишно лице од Охрид.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews