На 30.12.2025 во 02:37 часот во ОВР Струга е пријавено дека во паркирано патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки на локален пат во струшкото село Ливада со повреди по телото билo пронајденo 40-годишно лице од Охрид.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Струга, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, информираат од СВР Охрид.
На 30.12.2025 во 02:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 00:30 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, по претходно недоразбирање, две лица од Охрид физички нападнале 23-годишно лице од селото Луково, струшко.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2025 во 19:47 часот, на улицата „7 Ноември“ во Охрид настанал пожар во стан, сопственост на 67-годишно лице од Охрид.
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид. Извршен е увид, посочуваат од СВР Охрид.
На 29.12.2025 во 10:20 часот во атар на селото Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 36 и 30-годишни лица, двајцата од струшкото село Делогожда.
Тие се затекнати како со моторна пила вршат бесправна сеча на буково дрво и кое го товарале во патничко возило „нисан“ без регистарски ознаки. Возилото и дрвната маса се одземени и предадени на ЈП „Национални шуми“, а по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.12.2025 во 17:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 32-годишно лице од с.Франгово, струшко.
При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична против 52-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ по член 278 од Кривичниот законик.
На 15.12.2025 во близина на с.Подмољје, општина Дебрца, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи сопреле товарно возило „форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, со кое лицето вршело нелегален транспорт на поголема количина теписи и стази, по што беше лишен од слобода. Пронајдената стока, е предадена на Државниот пазарен инспекторат од Охрид за натамошна постапка, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews













