На 23.08.2025 во 01:20 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 31-годишно лице од Кочани затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање нас лучајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.08.2025 во 17:35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 25-годишно лице од Охрид.

Претходно во 16:10 часот на булевар „Туристичка” во Охрид лицето се заканувало и се обидело физички да нападне 35-годишно лице од Охрид. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.08.2025 во 16:50 часот во СВР Охрид, 45-годишно лице од Струмица пријавил дека од домот во кој привремено престојуваат во Охрид од пред два дена се оддалечила неговата 14-годишна ќерка од Струмица.

Според пријавеното, на 21.08.2025 на социјална мрежа Фејсбук тој добил порака од женско лице од Скопје, кое му кажало дека неговата ќерка е кај неа дома, дека доброволно и сама дошла во нејзиниот дом и дека ќе ја мажела за нејзиниот брат. Исто така, според пријавеното, тој се сомнева дека неговата ќерка сама отишла во Скопје затоа што немала пари кај неа, односно дека била измамена од лицето и на тој начин била однесена во Скопје, информираат од СВР Охрид.

Посочуваат дека по преземени мерки и активности малолетничката била пронајдена во Скопје, а поради сомнение дека го сторила делото, на 22.08.2025 околу 22.30 во полициска станица бил извршен службен разговор со 20-годишна девојка од Скопје. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.08.29025 околу 06:00 часот во Полициската станица Струга, 26, 28, 31 и 17 годишни лица, сите од Скопје пријавиле дека околу 01:30 часот во с.Радожда, струшко, биле физички нападнати од група од околу 15 лица.

Се преземаатмерки за расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews