На 24.10.2023 година во 15.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во месноста „Гумништа“, атар на селото Брежани, Општина Дебрца, било пронајдено починато 60 годишно лице од Охрид.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, информираат од СВР Охрид.
На 24.10.2023 во 14.00 часот во СВР Охрид, 40 годишно лице од Охрид пријавил дека од семејниот дом во Охрид се оддалечила неговата сопруга. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 24.10.2023 година во 10.45 часот во СВР Охрид, 64 годишно лице од Франција со престој во селото Пештани, пријави дека на локален пат во селото бил каснат од куче скитник, велат од СВР Охрид.
Во денешниот билтен и поднесена кривична пријава против 29 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews